Connect with us

Фудбал

Артета награден од Арсенал, потпиша нов договор!

Шпанскиот фудбалски стратег Микел Артета потпиша денеска нов договор со премиерлигашот Арсенал со важност до лето 2026 година.

„Возбуден сум, благодарен и среќен. Сакаме клубот да го однесеме на повисоко ниво и да се натпреваруваме со најдобрите екипи. За тоа да го оствариме мораме да играме во Лигата на шампиони, изјави Артета.

На четири кола до крајот на сезоната Арсенал е на четвртото место кое носи пласман во Лигата на шампиони,со два бода предност пред Тотенхем.

Артета е на клупата на Арсенал од зимата 2019 година и со „топчиите“ освој еден трофеј, во ФА купот во сезоната 2019/2020.