Connect with us

Фудбал

Артета сака Аубамејанг да остане

Менаџерот на Арсенал, Микел Арлет изрази желба да го задржи Пјер-Емерик Аубамејанг.

Абамејанг има договор со Арсенал до крајот на сезоната 2020/21, но Артета сака сè да се реши до крајот на ова, односно да го убеди Аубамејанг да ја продолжи соработката.

„За мене е многу лесно – сакам да го задржам под какви било околности“, рече Артера, пренесуваат британските медиуми.

Аубамејанг има постигнато 20 гола во сите натпреварувања оваа сезона и наводно е на радарот на Барселона и Интер.

Преговорите на Арсенал и Аубамејанг исто така ќе зависат од тоа како ќе заврши сезоната за „Топџиите“, кои моментно се наоѓаат на 10. место во Премиерлигата, а минатата недела испаднаа од Лига Европа.