Connect with us

Фудбал

Артета: Уште две нови засилувања и ќе имаме совршен баланс

Арсенал покажа многу огнена моќ во подготовките, особено откако ја совлада Севиља со шест гола, вклучувајќи четири за девет минути, во Купот на Емирати, а Габриел Жесус вети многу голови откако постигна седум во претсезоната, но менаџерот Микел Артета допрва ќе го комплетира својот состав.

Шпанецот најави дека му требаат уште две нови засилувања за да има совршен баланс во составот, а Топџиите се третиот тим по Барселона и Баерн кој летово потроши најмногу пари за нови играчи. Арсенал потроши 141 милион евра за ангажирање на Хесус и Александар Зинченко од Манчестер Сити, офанзивниот играч за врска Фабио Виеира, голманот Мет Тарнер и крилниот напаѓач Маркињос.

„Доколку пазарот ни дозволи, ќе преземеме уште две нови прилози. Сакам тимот да има совршена рамнотежа и да го изврши комплетниот план што беше составен на почетокот на летово. Дали ќе успееме или не е друга приказна и не зависи само од нас“, изјави Артета.

Првата цел на Арсенал за новата сезона, која стартува во сабота, е на крајот од сезоната да заврши меѓу четирите најдобри во Премиер лигата и со тоа да обезбеди пласман во Лигата на шампионите.