Connect with us

Фудбал

„АС“: Скаутите на Реал ќе го следат Џеко во Лас Палмас

Скаутите на Реал Мадрид се редовни гости на натпреварите на репрезентацијата на Шпанија. Така ќе биде и во Лас Палмас, каде ќе гостува репрезентацијата на БиХ, а во фокусот ќе биде Един Џеко.

Така барем тврди угледниот „АС“ кој наведува дека скаутите на славниот Реал Мадрид со посебно внимание ќе го следи Един Џеко, кој ќе претставува најголема закана пред голот на Шпанија.

„Кралевите“ веќе некое време трагаат по напаѓач. Најпрво размислуваат за Паласиус, но не се сигурни дека Јужноамериканецот веднаш ќе се снајде, па се свртиа и кон други опции.

Џеко со Реал се поврзуваше и претходно, но тогаш „Кралевите“ бараа решение за краток период, односно играч кој би бил како поддршка за Бензема и џокер од клупата. Тоа не му одговараше на Џеко, па се одлучи да остане во Рома со која минатата сезона дојде до полуфиналето од Лигата на шампионите.

Во недела, под лупата на скаутите на Реал Мадрид ќе биде и дефанзивецот Марио Хермосо. Овoј играч е „дете“ на Реал Мадрид, но шанса да настапи во првиот тим никогаш не добил.