Connect with us

Фудбал

Асот на Ајакс се враќа во Премиер лигата

Вест Хем е подготвен да отвори преговори со Ајакс за трансфер на крилниот напаѓач Стивен Бергвијн, пренесуваат медиумите во Англија.

На „чеканите“ им треба засилување во нападот овој месец, бидејќи Лукас Пакета се повреди, а Мохамед Кудус ќе игра за Гана на Африканскиот куп на нации. Бергвијн, кој помина две и пол години во Тотенхем помеѓу јануари 2020 и јули 2022 година, пред да се врати во Холандија, очајно сака да се врати во Премиер лигата, според SunSport.

Според изданието, веќе имало прелиминарни разговори меѓу агентите на Бергвајн и раководството на Вест Хем, при што холандскиот репрезентативец е подготвен да се врати во Премиер лигата.

Во тековната сезона, Бергвајн има 24 настапи за Ајакс во сите натпреварувања, постигнувајќи 9 голови и 3 асистенции.

Advertisement