Други спортови
Астон Мартин во Формула 1 после 60 години!
Британскиот производител на луксузни спортски автомобили Астон Мартин се враќа во Формула 1.
Астон Мартин е предвидено да се врати во најбрзиот циркус во светот следната година, по 60 години отсуство.
Потврда за горенаведените информации дојде откако Лоренс Строл, сопственик на тимот на Рејсинг Поинт Ф1, го презеде Астон Мартин.
„Бренд со педигре и историја како Астон Мартин мора да биде конкурентен на највисоко ниво на мото спортот“, рече Строл.
Патем, возачите на Расинг Поинт (во иднина Астон Мартин) се синот на Лоренс Строл, Ленс и Мексиканецот Серхио Перез.
Базата на новиот тим на Астон Мартин ќе биде на култната патека „Силверстон“.