Connect with us

Фудбал

Астон Вила купи 18-годишник од Црвена Звезда!

Одбранбениот фудбалер на Црвена ѕвезда, Коста Недељковиќ, стана играч на Астон вила, објави на својата веб-страницата англискиот клуб.

Осумнаесетгодишниот Србин остатокот од сезоната ќе го помине на позајмица во Црвена ѕвезда.

Недељковиќ потекнува од фудбалската школа на „црвено-белите“. За белградскиот тим одигра 18 натпревари на кои постигна две асистенции.

Порталот Трансфермаркт ја проценува вредноста на дефанзивецот на 2,5 милиони евра.