Фудбал
Аталанта го „прегази“ Киево, Лацио во финишот ја совлада Парма
Аталанта славеше убедлива победа и конечно ја прекина долгата низа без победа и тоа во голем стил. Клубот од Бергама на гостувањето кај Киево издвои висока победа од 5:1.
Резултатот го отвори Де Рон во 25. минута, а потоа следуваше вистинско шоу на Јосип Илиќ кој во три пати ја затресе мрежата на Киево, прво во 28. минута, а потоа во 50. и 52. минута. Во 72. минута Госенс зголеми на 0:5, а во 83. минута од натпреварот во стрелците се запиша и Валтер Бирса кој погоди од пенал за конечниот резултат на натпреварот.
Лацио со тешки маки дојде до победа на гостувањето кај Палермо. Иако „небесно-плавите“ во текот на целиот натпревар беа подобри на теренот, предност стекнаа дури во 81. минута кога Имобиле погоди од пенал. Конечните 2:0 за Лацио ги постави Кореа во 4 минута од судиското надополнување.
Интересен натпревар одиграа Болоња и Торино. Гостите благодарение на Фалке Силва во 13. и Даниеле Базели 54. минута дојдоа до водство од 2:0, но Болоња успеа да извлече бод. За домаќинот головите ги постигнаа Федерико Сантантандер во 59. и Артуро Калабрези во 77. минута за конечните 2:2.