Connect with us

Фудбал

Аталанта и Интер одиграа без голови, стигна честитка од Наполи, дали станува збор за иронија или?!

Интер и Аталанта во дербито на колото синоќа одиграа без голови 0:0. Навистина ова беше добар меч, интересен, борбен, со неколку шанси на двете страни, но немаше голови. Наполи преку социјалните мрежи им честиташе на двете екипи.

-Клубот сака да им честита на Аталанта и Интер на интересниот и прилично напнат фудбалски меч, стои на официјалните социјални мрежи на Наполи.

Е, сега дали станува збор за иронија, со оглед на тоа дека Наполи попладнево го игра својот меч од 22.коло против Болоња и со победа може да и се одалечи на Аталанта, а да му се приближи на интер на -4 бодови.

Дали Наполи честиташе за „нулата“ или пак навистина го пофалија мечот, ќе остане нејасно.

Вечерва освен Наполи игра и Милан, кој се среќава на домашен терен против Специја и со победа ќе избие на првото место со еден бод пред Интер, но ќе има и натпревар повеќе.
АТАЛАНТА – ИНТЕР 0:0