Фудбал
Аталанта и Јуве во жесток спор за Топ 4
Екипата на Аталанта му гостува на Јувентус во директен спор за четвртото место во Серија А. Интересната пресметка е денеска од 20:45 часот.
Двата тима се во радикално различна состојба. Домаќините од Бергамо не ги уживаат своите најдобри денови од почетокот на годината, додека четата на Јувентус напредува во својата игра по зимската пауза.
„Бјанконерите“ по Нова година забележаа три победи и две нерешени со што се наоѓаат на четвртото место на табелата. Старата дама има два бода предност пред денешниот ривал кој е петти.
Сериозен проблем за Аталанта сезонава се домашните натпревари. „Сино-црните“ се едни од најслабите домаќини во кампањата, забележувајќи само три победи во 12 натпревари досега.
Меѓутоа, доколку биде успешна денес, тимот на Аталанта ќе оствари две последователни победи на домашен терен над Јувентус за прв пат по 70 години.