Connect with us

Фудбал

Аталанта ја одреди цената на Папу Гомез, сега ќе започне вистинска навала

Аталанта синоќа славеше против Рома, но Алехандро Гомез повторно беше понижен.

Гомез остана без статус на првотимец поради расправија со тренерот Гасперини, а вчера не беше ниту на клупата за резервни играчи. Некако веќе стана јасно дека Аргентинецот го напушта Бергамо.

32-годишниот мајстор е мета на Милан и на уште неколку големи тимови, а бидејќи клубот му одреди цена која е 10 милиони евра, тогаш нема сомнеж дека ќе има вистински напади.

Судирот и, наводно, скоро тепачката меѓу Гомез и Гасперини се случи по натпреварот против Митјиланд во рамките на 1. коло од Лигата на шампионите.

Со оглед на тоа дека играчот има договор до летото 2023 година, клубот од Бергамо одлучи да заработи најмалку 10 милиони евра.