Connect with us

Фудбал

Аталанта со голема победа над Рома (ВИДЕО)

Ако Наполи е сигурен шампион, битката за Лигата на шампионите ќе биде супер интересна. На седум кола до крајот шест екипи конкутитаат за четири позиции. На Лацио, Јувентус, Милан, Рома и Интер во трката им се приклучи Аталанта која вечерва стигна до голема победа над Рома од 3:1.

Пашалиќ, Толои и Копмајнерс беа стрелци за Аталанта, а за Рома погоди Пелегрини.

Наполи е лидер со 78 бодови, Лацио е втор со 61, следува Јувентус со 59, па Милан и Рома со 56, Интер има 54, а Аталанта 52 бода.