Connect with us

Фудбал

Атина гори, стигна едно од најголемите засилувања во историјата, играше за Севиља, Тотенхем и Рома, а сега дојде во АЕК (ВИДЕО)

ПАОК ја освои титулата, Олимпијакос ја освои титулата во Конференциската лига, додека АЕК се извиси на сите фронтови. Работата да биде полоша за нив, градскиот ривал го крена пехарот во КЛ токму на нивниот стадион. Затоа АЕК се сврте кон засилувања, а во Атина пристигна едно од најголемите во историјата на грчкиот фудбал. Тоа е Аргентинецот Ерик Ламела, поранешен играч на Севиља, Тотенхем и Рома.

Ламела во грчката престолнина пристигна по препорака на Матијас Алмеида, тренерот на црно-жолтите, а се очекува Ерик да му помогне на АЕК да атакува на титулата во Супер лигата. Аргентинецот слета во Атина, а навивачите на новиот клуб му приредија спектакуларен пречек. Се собраа голем број обожаватели, пееја песни и запалија факели и на тој начин на Ламела и приредија незаборавен дочек.

Advertisement