Connect with us

Фудбал

Атлетико Мадрид го декласираше Еибар

Атлетико Мадрид денес го победи Еибар со 5:0 на домашен терен во рамките на 33. коло од шпанската Ла Лига.

Избраниците на Диего Симеоне покажаа дека нема толку лесно да се предадат во борбата за титулата шампион на Шпанија и дека се решени да ја задржат првата позиција до самиот крај на сезоната.

Атлетико денес играше на домашен терен против Еибар и успеа да слави со 5:0.

Мадридскиот клуб поведе со 1:0 во 42. минута од натпреварот кога стрелец беше Кореа. Само две минути подоцна на семафорот стоеше резултатот 2:0 за домашниот тим, а голот повторно го постигна Кореа.

Атлетико добро го започна второто полувреме. До третиот погодок домашниот тим стигна во 49. минута, а овојпат Караско се запиша во листата на стрелците.

Само четири минути подоцна, Атлетико успеа повторно да ја затресе мрежата на Еибар. Овој пат асистираше Кореа, а голот за 4:0 го постигна Љоренте.

На 68. минута беше решено се на овој натпревар кога својот втор гол на овој натпреварот го постигна Љоренте кој на тој начин ги постави конечните 5:0.

Атлетико е се уште прв на табелата со 70 бода и има четири бода повеќе од Реал Мадрид, кој својот натпревар го игра вечерва против Гетафе.