Фудбал
Атлетико Мадрид поради Гризман мора да му плати 20 милиони евра на Барселона
Францускиот напаѓач Антоан Гризман одлучи да остане во Атлетико Мадрид, со кого го продолжи договорот до летото 2023 година.
Во изминатите неколку недели траеше трансфер сагата околу Гризман и неговото заминување во Барселона. Иако многумина веруваа дека работа е завршена, на крајот Французинот го изненади каталонскиот клуб со одлука да остане во Мадрид.
Сепак, шпанските медиуми пренесуваат дека Гризман имал пред-договор со Барселона за да дојде во Камп Ноу, и дека Атлетико Мадрид според тоа, мора да го подмири долгот кон Барса. Наводно, Мадридскиот клуб ќе плати околу 20 милиони евра, бидејќи Гризман го прекршил преддоговорот.
Тоа е причината зошто состојбата на неговата годишна плата во Атлетико Мадрид најверојатно ќе се промени. Гризман според новиот договор требаше да има заработка од 23 милиони евра, но сега заработката ќе биде 19 милиони евра.