Connect with us

Фудбал

Атлетико не е единствениот што го сака Калиниќ

Никола Калиниќ се приближува кон напуштањето на Милан, пишуваат италијанските медиуми.

Претставникот на Хрватска не се прослави на Сан Сер и по само една година ќе го напушти Милан, а интересот за неговите услуги го покажаа повеќе клубови. Атлетико Мадрид е особено непопустлив, како што потврди и новиот спортски директор на Милан, Леонардо.

“Атлетико не е единствениот клуб што сака да го види Калиниќ во неговите редови. Засега нема постигнато договор, но ние преговараме со неговиот агент”, рече Леонардо.

Мадрианците планираат да го донесат Калиниќ на едногодишен заем со обврска да откупат договор на крајот на сезоната за 18 милиони евра.

Што ќе се случи со целата приказна, останува да се види.