Connect with us

Фудбал

Атлетико одби 120 милиони за тројца свои играчи

Атлетико Мадрид јасно стави до знаење дека сака да ја предизвика титулата во Шпанија оваа сезона. Тоа не се должи само на силниот старт на „душекичите“ кои го победија Хетафе со 3:0 на гости, туку и на трансфер политиката на тимот.

Откако вчера се дозна дека Мадрид ја одбил понудата од 135 милиони евра од Манчестер Јунајтед за Жоао Феликс, сега се дозна дека уште тројца играчи на Атлетико биле силно барани од други тимови, па дури и биле направени формални понуди за нив.

Станува збор за Маркос Љоренте, Матеуш Куња и Алваро Мората. Шпанскиот репрезентативец е баран од Челзи, а лондончани нудат 40 милиони за него. Што се однесува до Куња, повторно Манчестер Јунајтед беше тимот кој сакаше да го купи, но понудата од 40 милиони евра не беше прифатена.

Третиот играч на Атлетико кој беше мета е Алваро Мората, а за него покрај „црвените ѓаволи“ се интересираше и Јувентус. Откупната клаузула на играчот е 35 милиони евра, додека шпанскиот весник „АС“ тврди дека за овенот биле понудени дури 40 милиони, но Диего Симеоне одбил бидејќи планира да се потпре на шпанскиот репрезентативец.