Фудбал
Атлетико славеше во Монако, Дортмунд во Бриж
Два навистина интересни натпревари беа одиграни во рамките на групата А од Лигата на шампионите. Атлетико со пресврт дојде до победа над Монако со резултат од 2:1, а Дортмунд го совлада Клуб Бриж со 1:0.
Монако на домашен терен го пречека Атлетико Мадрид, па до водство дојде за кратко време. Во 18. минута Грандсир ја затресе мрежата на Облак и му донесе предност на домаќинот од 1:0.
Сепак, Атлетико не се предаде и кон средината на првото полувреме успеа да дојде до изедначување. Гризман беше асистент, а во стрелците се запиша Диего Коста за 1:1. Во самиот финиш на првото полувреме гостите направиа целосен пресврт, а стрелец на голот беше Хименез.
Во второто полувреме поголем дел од играта се одвиваше на средината од теренот и немаше некои поголеми шанси, па до крајот на натпреварот резултатот остана непроменет, 2:1 за Атлетико Мадрид.
Во вториот натпревар од оваа група, екипата на Клуб Бриж ја пречека Борусија Дортмунд. Милионерите на крајот славеа победа со резултат од 1:0, а единствениот гол на натпреварот го постигна Кристиан Пулишиќ во 85. минута.
Атлетико и Дортмунд имаат по ри бода, додека Клуб Бриж и Монако се без бодови. Во следното коло Дортмунд го пречекува Монако, а Клуб Бриж гостува кај Атлетико Мадрид.