Connect with us

Други спортови

АТП му контрираше на Федерер

Најуспешниот тенисер на сите времиња, Швајцарецот Роже Федерер, изјави дека финалето на завршниот АТП турнир треба да се игра во три добиени сетови, исто како што е на грен-слем турнирите.

Турнирот во Лондон порано се играше според тоа правило, до три добиени сетови, но од 2008 година се промени, па на тенисерите во финалето за триумф им е доволно да освојат два сета, а не три.

  • Со мечевите во пет сета престанавме во 2008 година по воведувањето на низа мерки за да се заштити здравјето на играчите. Ако ја погледнете просечната возраст на играчите од ТОП 100 ќе забележите дека сега подолго им трае кариерата, изјави извршниот директор и претседател на АТП, Крис Кермод.