Connect with us

Други спортови

АТП уште еднаш препозна дека Новак е најдобар!

Најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ е на чело на првата  АТП листа во 2024 година.

Како и секој понеделник, АТП објави нова ВТА листа, а првата позиција ја зазема српскиот ас.

За Ноле ова е 406-та недела како стартува на тенискиот трон.

Ѓоковиќ е на првата позиција на најновата АТП листа со 11.245 бодови, а зад него е Шпанецот Карлос Алкараз кој има собрано 8.855 бодови.

Русинот Данил Медведев е третиот рекет на планетата со 7.600 поени, додека Италијанецот Јаник Синер е четврти со 6.490. Првата петорка во светот ја комплетира уште еден тенисер од Русија, Андреј Рубљев, чие бодовно салдо е 4.805.

Advertisement