Тајмаут
Атрактивната актерка три пати го изневерила фудбалерот на Челзи, овој секогаш и простувал (ФОТО)
Иако во неколку наврати беше фатена во јавност со други мажи, атрактивната актерка успеа да го убеди фудбалерот на Челзи дека му е верна и нивната врска преживеа…
Маргарида Корсеиро, атрактивниот избор на португалскиот ас Жоао Феликс, наводно три пати го изневерила славниот фудбалер за помалку од една година, но нивната врска и покрај се преживеала.
Прекрасната актерка (20) по секој испад успевала да смисли изговор, а несреќниот Феликс продолжил слепо да и верува.
Formula 1 star Lando Norris ‘is spotted with Joao Felix’s girlfriend Margarida Corceiro’ in Monaco… amid reports she has split with Felix
Norris was reportedly seen driving Corceiro around Monaco this week pic.twitter.com/E0WX9g9uAB
— Lilian Chan (@bestgug) May 23, 2023
Младиот ас кој пред неколку години пристигна во Атлетико Мадрид за неверојатни 127 милиони евра, во последно време не може да направи ништо. Во Атлетико не најде заеднички јазик со тренерот, па беше испратен на позајмица во Челзи, каде исто така не се прослави. И додека тој минува низ тежок период во кариерата, неговата занесна девојка лудува ширум светот.

Странските медиуми шпекулираат дека таа го изневерила три пати во послед ната година.
Таа неодамна беше фотографирана во автомобил со Формула 1 возачот Ландо Норис. Тоа видео предизвика големо внимание и, иако беше брзо избришано, не исчезна целосно, бидејќи следбениците брзо реагираа.

Видеото од манекенката и британскиот возач е снимено во Монако, а на него се гледа како уживаат во возење на стар Фиат.