Тајмаут
Атрактивната голферка си отвори свој сајт, кој наликува на оној за возрасни, за неколку долари можете да ѕирнете во се (ФОТО)
Најпопуларната голферка во светот, Пејџ Спиранац, неодамна ја отвори својата веб-страница, чие име наликува на име на позната страница за возрасни.
„Onlypaige.com“ е страница на која можете да пристапите до нејзината содржина за 9,99 долари месечно.
Како што вели Пејџ, нејзините многубројни следбеници, а само на социјалната мрежа Инстаграм ги има 3,7 милиони, побарале од неа начин како подобро да ја запознаат.
„Отсекогаш сакав да им дадам на фановите начин да се поврзат со мене надвор од социјалните мрежи. Сега, мојот сон конечно се оствари. Оваа претплата е возбудлив начин да се поврзете со мене како никогаш досега. Вклучува сè, од инструкции за голф до ѕиркање во мојот секојдневен живот, работи од зад сцената, специјални настани и фотосесии“, рече Пејџ.
Една од првите објави на новата страница беа фотографиите на Пејџ во долна облека за да им посака среќен Ден на вљубените на сите што се претплатиле.
На крајот на 2022 година, добро познатото списание „Максим“ објави листа на 100 најубави жени во светот, а таа листа ја предводи Пејџ.
„Смешно е, бидејќи менаџерот ми се јави и ми рече: „Нема да веруваш, но „Максим“ сака да бидеш на насловната страница. праша: „Чекај, тоа значи дека јас сум прва?“, рече Спиранац.