Connect with us

Тајмаут

Атрактивната тенисерка која му се восхитува на Ѓоковиќ: Тој е толку силен, плачев и јас (ФОТО)

Романската тенисерка Андреа Присакариу во неколку наврати кажа колку му се восхитува на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ и тоа никогаш не го криела.

Српскиот ас неодамна по 10-ти пат во кариерата го освои Австралија опен, а Андреа проговори за овој подвиг за романскиот „ГСП“.

-Го гледав АО, но само оние натпревари на кои играше Ѓоковиќ. Тој е многу силен и тврд лик, со неверојатен ум. Не можам да најдам зборови да го опишам. Лично, кога ми е тешко, ги гледам неговите видеа на Јутјуб за да се чувствувам подобро – изјави Андреа и додаде:

– Тоа што му се случи минатата година ми изгледаше како егзил од нашиот свет, спортот. Не беше лесно, само тој знае низ што поминал. Можам само да замислам. Но, да дојде оваа година, победи и покаже кој е шеф… Тоа беше сензационално! Тој покажува и какво емотивно влијание имаа врз него сите настани.

Како што вели таа, кога го видела во пренесот дека Ѓоковиќ по победата заплакал, плачела и таа.