Connect with us

Други спортови

Австралија Опен: Синер избори полуфинале против Ѓоковиќ

Италијанскиот тенисер Јаник Синер се пласираше во полуфиналето на Австралија Опен, совладувајќи го попладнево во четвртфиналето Русинот Андреј Рубљов со 6-4, 7-6, 6-3.

За 22-годишниот Синер ова е второ грен – слем полуфинале по ланското во Вимблдон во кое загуби против својот следен противник во Мелбурн, Србинот Новак Ѓоковиќ.

Од друга страна, за Рубљов ова беше десетти настап во четвртфинале на грен – слем турнир и десетти пораз.

Претходно денеска, Ѓоковиќ го совлада Американецот Тејлор Фриц со 3-1 во сетови и по 11 пат во кариерата се пласираше во полуфиналето на грен – слем турнирот во Мелбурн. Во сите десет претходни случаи кога стигнуваше до оваа фаза Ѓоковиќ на крајот и триумфираше на Австралија Опен.

Advertisement