Connect with us

Фудбал

Австралијката ја ,,скрши” противничката, а потоа ги шокираше сите покажувајќи ги огромните гради (ВИДЕО)

Борецот од Австралија Таи Емери ја нокаутира својата противничка, а потоа на публиката ги покажа огромните гради.

 

Таи имаше успешно деби во BKFC, каде мајсторите на боречките вештини се натпреваруваат едни против други без ракавици, односно голи раце.

 

Популарноста на овој натпревар се зголемува, а за дополнително рекламирање се погрижи Таи Емери.

Таа веќе во првото коло ја победи поискусната противничка Рунг-Арун Кунчаи, а потоа привлече големо внимание кон себе со необично славје.

 

Имено, Емери скокна на оградата, го крена спортскиот градник и ги покажа бујните вештачки гради.

Коментаторскиот тим беше вчудоневиден како и сите други кои го гледаа спектаклот и се чинеше несигурни дали треба да го признаат нејзиниот чин со оцена на Х.

Видеото од нејзината прослава набрзо стана вирално, но не сите беа воодушевени од тоа што таа го направи.

 

„Одвратна прослава. Ваквите девојки се причината поради која се зајакнуваат перверзните и мизогинските свињи. Срам за женскиот пол“, беше еден од негативните коментари, иако повеќето мажи всушност мислат дека треба да го прават тоа почесто.

 

Австралискиот борец е поранешен електричар, американски фудбалер и има свој канал OnlyFans со над 52.000 следбеници на Инстаграм.

Пред да потпише со Bare Knuckle Fighting Championship, Емери имаше две аматерски ММА борби и ги загуби двете.