Фудбал
Азар го најави своето заминување од Челзи: Реал знае што треба за да ме доведе во своите редови
Белгискиот репрезентативец Еден Азар го најави своето заминување од Челзи.
Азар на новинарите на белгиската репрезентација во Русија рече дека може да го напушти Стемфорд Бриџ.
“Останувам во случај само ако се засилиме како што треба, ако не јас заминувам”, изјави Азар, кој очигледно не виде амбиции во Чилзи минатата сезона, иако пред две сезони тимот од Лондон ја освои титулата.
“Реал знае што да прави, ако навистина ме сакаат и сите знаат дека тоа е интересна идеја за мене”, рече Азар.
Белгијецот веќе долго време се поврзува со Реал Мадрид, но тој не сака да оди таму туку така.
“Мора да има проект кој ќе ме привлече, како што беше случајот кога дојдов во Челзи, но сега сум фокусиран на најдобро што можам да го играм на Светското првенство, па ќе видиме”, додаде Азар.