Connect with us

Фудбал

Азар ја побара „десетката“, но доби јасен одговор

Еден Азар од денеска официјално е претставен како нов играч на Реал Мадрид.

После седум години поминати во Челзи, во трансфер вреден 100 милиони евра на одличниот офанзивец му се исполни сонот и стана член на „Кралскиот“ клуб.

Азар успешно ги помина лекарските прегледи, а после тоа одржа прес конференција, па следуваше спектакуларниот дочек на стадионот „Сантијаго Бернабеу“.

Одличниот Белгиец е претставен без број, па новинарите посебно ги интересираше кој број ќе го носи на грбот во наредните пет години.

Кажа дека преку преку Матео Ковачиќ ја побара „десетката“, но доби јасен одговор.

„Имав среќа да зборувам со Модриќ преку Ковачиќ, во шега му реков да ми ја остави десетката, но кажа не“, откри белгискиот репрезентативец.

„Бројот не ми е важен. Важно ми е да играм во овој дрес и за овој грб“, додаде Азар.

Дали овој одговор на Модриќ значи дека тој останува во Реал Мадрид ќе дознаеме во наредниов период.