Connect with us

Фудбал

Азар одбил да го напушти Реал Мадрид, играл или не, годишно ќе инкасира 14 милиони евра!

Напаѓачот на Реал Мадрид, Еден Азар категорично одбил да го напушти тимот, пишува високотиражната „Марка“. Неодамна предводникот на „лос бланкос“ доби понуда од Монтреал Импакт за услугите на Белгиецот, но тој ја отфрли можноста да се пресели во Квебек.
Азар е на „Сантијаго Бернабеу“ од летото 2019 година, кога на Челзи му беа исплатени 115 милиони евра. Сепак, тој никогаш не успеа да го покаже очекуваното ниво. Белгиецот има уште една сезона под договор со Реал Мадрид, но клубот ќе биде повеќе од среќен да го пушти предвреме.
Сепак, самиот Азар, кој неодамна ја заврши репрезентативната кариера, ужива во животот во Мадрид и нема намера да си замине. Моментално заработува околу 14 милиони евра по сезона, иако неговиот придонес во перформансите на тимот е минимален. Во медиумите се погласни се шпекулациите дека тој би можел да ја заврши кариерата по истекот на актуелниот договор со Реал Мадрид.