Connect with us

Фудбал

Азар се сретна со момчето кое го удри пред 11 години, денес е „тежи“ 50 милиони евра (ФОТО)

Деновиве Еден Азар се сретна со момчето кое го удри пред 11 години на натпреварот помеѓу Челзи и Свонси во Премиершип на Англија, поради што беше ставен на столбот на срамот. Станува збор за Чарли Морган, кој повеќе не е момче, но денес е успешен 27-годишен бизнисмен кој вреди 50 милиони евра.

Морган и неговиот пријател Џексон Квин започнале да го развиваат бизнисот во 2016 година и ја основале Au Vodka, а со продажбата на познатиот пијалок го освоиле пазарот. Во моментот на инцидентот со Азар, Морган имал 17 години и поради тоа стекнал слава и знаел да ја искористи.


Првично продавана во локалните барови во Свонси, Au Vodka сега е достапна низ целиот свет, а производството сега е зголемено од еднократно ограничено производство на 35.000 дневни единици, како и на 2.000 златни шишиња од нејзиниот заштитен знак. Пијалокот, кој сега се продава во 40 земји ширум светот, е поддржан од Флојд Мејведер, Џејк Пол и Роналдињо, а Морган беше вклучен во листата на најбогати луѓе на Сандеј тајмс во 2022 година, а за започнувањето на бизнисот имаше поддршка од неговиот татко, хотелскиот магнат Мартин Морган.