Фудбал
Азар: Среќен сум што ќе го облечам дресот и ќе ги бранам боите на Реал Мадрид
Еден Азар денеска официјално потпиша пет годишен договор со Реал Мадрид.
Азар успешно ги помина лекарските прегледи, а пред само неколку минути потпиша договор со „Кралевите“. После тоа официјално беше претставен пред медиумите и кратко се обрати.
Она што е интересно е тоа што на претставувањето дошло скоро целото негово семејство и тоа јасно покажува овој ден е важен за Азар.
„Здраво на сите. Ќе зборувам на француски затоа што мојот шпански не е доволно добар. Му благодарам на претседателот за дочекот, и на моето семејство кое е тука со мене. Среќен сум што ќе го облечам дресот и ќе ги бранам боите на Реал Мадрид затоа што секогаш сум сонувал да играм за овој клуб. Ви благодарам на сите за фантастичниот дочек“, рече Азар по потпишувањето на договорот.
https://twitter.com/hashtag/RMTV?src=hash