Connect with us

Други спортови

Аземи победи на Меѓународниот турнир „Лах Нимани“

Приштина, 5 октомври 2020 (МИА) – Боксерот на Шкупи и член на македонската репрезентација, Ардијан Аземи е победник на Меѓународниот турнир „Лах Нимани“ во Приштина.

  • На еднодневниот турнир со скратена програма, настапија боксери од три земји, домаќинот Косово, Македонија и Албанија. Ардијан Аземи победи во категоријата 91 килограм, соопшти Боксерската федерација на Македонија.

Боксерот на Шкупи и кандидат на репрезентацијата за настап на ЕП во Будва во ноември, со прекин го победи Клодиан Дода од Албанија.

Претставникот на Шкендија Но Лимит, Милан Петковски, загуби од Сантијаго Селимај од Албанија во категоријата 69 килограми со прекин.

Натпреварите се одржаа во „Палатата на спортовите“ во Приштина. зс/