Фудбал
Бабунски ја заврши соработката со романски Виторул Костанца
Пред шест месеци потпиша две годишен одговор, а сега македонскиот интернационален Давид Бабунски, ја заврши соработката со романски Виторул Костанца. Тој е еден од четворицата играчи кои го напуштаат тимот.
Ромарио Бензар, Сантос, Давид Бабунски и Маркињос, нема да продолжат со договорите, откако клубот имаше прилично разочарувачка сезона во романската елита.
Договорот бил раскинат спогодбено меѓу двете страни.