Фудбал
Од Барселона, преку Јапонија и Романија до Дебрецин во Унгарија, македонски фудбалер кој важеше за голем талент
Давид Бабунски потпиша двегодишен договор со седумкратниот првак на Унгарија, Дебрецин. 27-годишниот македонски офанзивен фудбалер за врска уште попладнево ќе се приклучи на тимот на подготовките.
27-годишниот Бабунски кариерата ја почна уште во Барселона на 16-годишна возраст. Играше за тимовите на каталонскиот тим за играчи до 16 и 18 години, а потоа беше и во Барселона Б тимот. Од таму замина во Црвена Звезда, потоа во Јапонија, па Романија, а се чини дека кариерата не се развиваше онака како што посакуваше. Тој има девет настапи за сениорската репрезентација на Македонија, а играше и за младинските селекции на нашата држава.
Инаку, Давид Бабунски е син на поранешниот македонски репрезентативец Бобан Бабунски.
Ќе потсетиме во Унгарија пред Бабунски летово се преселија Никола Серафимов кој потпиша за Залагерсег, а денес му се придружи и Миловановиќ. Претходно Стефан Јевтовски од Работнички направи трансфер во Ујпешт.