Connect with us

Фудбал

Бабунски не е повеќе тренер на Пелистер

Со завршувањето на Втората фудбалска лига официјално заврши догооворот на шефот на стручниот штаб Бобан Бабунски со Пелистер.
Од битолскиот клуб велат:
-Со оглед на неисполнувањето на целта, промоција во Првата лига, патиштата на клубот и Бабунски се разидуваат. ФК Пелистер му се заблагодарува на Бабунски за неговата работа, професионалност и посветеност и му посакува многу успех во понатомошната кариера.
Клубот во наредниот период ќе го објави новиот шеф на стручниот штаб за сезоната 2023/24, велат од клубот.