Поврзи се со нас

Фудбал

Баер го спречи Дијаби да оди во Манчестер јунајтед

Леверкузен, 6 ноември 2020 (МИА) – Бундеслигашот Баер Леверкузен одби во последниот преоден рок да го продаде напаѓачот Муса Дијаби.

Според „Билд“, Манчестер јунајтед бил подготвен да плати 50 милиони евра за 21-годишниот Французин.

Раководството на германскиот клуб не сакаше да дозволи заминување на уште еден напаѓач по Каи Хаверц и Кевин Фоланд.

Дијаби оваа сезона одигра 10 натпревари на сите турнири, постигна два гола и оствари две асистенции. зс/

loading...

Facebook