Connect with us

Фудбал

Баер Леверкузен останува без играч од средниот ред речиси еден месец

Фудбалерот од средниот ред на Баер Леверкузен, Чарлс Арангуиз ќе мирува речиси еден месец, бидејќи има повреда на потколеницата, соопштија од бундеслигашот.

Чилеанскиот репрезентативец се здоби со повреда додека тренираше сам за време на Божиќ и Нова година. Според „аспирините“ тој ќе остане надвор од терените поголем дел од јануари.

Баер заврши на четвртото место во Бундеслигата, а следниот викенд играше против Унион Берлин.