Фудбал
Баерн го насочува своето внимание кон дефанзивец од Бундеслигата
Откако стана јасно дека дефанзивецот на Челзи, Андреас Кристенсен одбил да се пресели во Баерн (Минхен) како слободен играч, германскиот шампион се сврте кон друг дефанзивец со истечен договор.
Според „Билд“, значително се зголемени шансите на Матијас Гинтер од Борусија (Менхенгладбах) да потпише со Баварците. 28-годишниот фудбалер не беше првиот избор на Баерн, но се се промени во последните неколку дена.
Изданието ги посочува предностите на таквиот трансфер – покрај тоа што доаѓа како слободен играч, Гинтер има искуство во Бундеслигата и ги познава играчите на тимот во германската репрезентација, па нема да му треба долга адаптација.
Дефанзивецот кој реши да не го продолжи договорот со „ждребињата“ има 25 натпревари оваа сезона и би го заменил Никлас Зуле, за кого е јасно дека по завршувањето на договорот на лето ќе се пресели во Борусија (Дортмунд).