Фудбал
Баерн го отпушти својот вработен поради расизам
Баерн отпушти еден од своите долгогодишни вработени, пишува „Билд“. Причината е расистички коментар на двајца играчи – Серж Гнабри и Ерик-Максим Чупо-Мотинг.
Неговото име не се открива, но најверојатно се работи за одговорното лице за опремата.
Според германскиот весник, дотичниот вработен, кој во тој момент бил со својата ќерка во клупската база, ги сретнал двајцата по ходниците и им рекол: „Не носете ги овие маички дома“.
Неколку луѓе биле сведоци на инцидентот и му кажале на раководството за тоа. Тоа, пак, коментарот го смета за расистички и го отпушти вработениот.