Фудбал
Баерн го врати Ренато Санчес
Баерн Минхен го врати Португалецот, Ренато Санчес во своите редови.
Младиот 20-годишен играч од средниот ред ја поминал минатата сезона во тимот на Свонси, но не се прославил.
За втората сезона тој дури и не е на мапата кога е во прашање сериозен фудбал, но очигледно ќе има уште една шанса.
Баерн потврди дека младиот играч ќе се врати во клубот и ќе биде достапен за тренерор Ники Ковач во подготовките за новата сезона.
Баварците заработија седум милиони фунти за позајмницата на Санчес, а велшкиот тим му плаќаше 50.000 фунти неделно.
Во Баерн, португалскиот играч од средниот ред пристигна во 2016 година од Бенфика за 35 милиони евра.