Connect with us

Фудбал

Баерн и Сити мислат исто, но не и Алаба

Давид Алаба би можел летово да ги напушти редовите на Баерн Минхен.

Австрискиот репрезентативец е подготвена да го напушти германскиот состав по 12 години, а 27-годишниот фудбалер се поврзува со Манчестер Сити, Барселона и Реал Мадрид.

Интересно е што Баерн и Сити имаат исто размислување кога станува збор за потенцијалниот трансфер на овој фудбалер во „Етихад“. Тие се подготвени да ги разменат Давид Алаба и Лерој Сане, но наидоа на проблем.

Според германскиот „Билд“, Алаба не сака да замине во Англија. Неговата цел е да игра во Шпанија, а тој повеќе би сакал да го носи дресот на Барселона или Реал Мадрид.

Поради ова, тој и неговиот агент Пини Захави одбиле какви било разговори за потенцијална замена и скоро е сигурно дека Австриецот нема да го носи дресот на Сити.

Од 2009 година, кога стана член на првиот тим, Алаба има одиграно 372 натпревари за Баварците и има постигнато 30 голови.