Connect with us

Фудбал

Баерн ја понижи Барселона и избори полуфинале во Лигата на шампионите

Лисабон, 14 август 2020 (МИА) – Фудбалерите на Баерн Минхен на моќен начин ја совладаа Барселона и се пласираа во полуфиналето на Лигата на шампионите.

На четвртфиналниот дуел одигран вечерва во Лисабон, германскиот тим ја понижи Барселона и на крајот славеше со 8:2.

Стрелци за Баварците беа: Томас Милер (4. и 31. минута), Иван Перишиќ (22), Серж Гнабри (28), Џошуа Кимих (63), Роберт Левандовски (82) и Филипе Кутињо (85 и 89).

Головите за каталонскиот тим беа дело на Давид Алаба – автогол (7.минута) и Луис Суарез (57).

loading...

Противник на Баерн во полуфиналето ќе биде поуспешниот од мечот Манчестер сити – Лион.

Во првата полуфинална пресметка ќе се сретнат ПСЖ и Лајпциг. зс/

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com