Фудбал
Баерн ја совлада Борусија Дортмунд и стигна до 10-та титула во низа (ВИДЕО)
Баерн десетти пат по ред е германски шампион! Баварците обезбедија нова титула со победата од 3-1 против Борусија Дортмунд во 31. коло од Бундеслигата. Сега на три кола пред крајот на шампионатот Баерн, Борусија и избегаа од недостижни 12 бода предност и со тоа дојдоа до нова титула.
Домашниот тим денеска поведе во 15. минута кога Гнабри постигна одличен гол. Петнаесет минути подоцна Коман постигна нов гол, но по интервенцијата на ВАР тој беше поништен поради офсајд.
Сепак, три минути подоцна Роберт Левандовски стапува на сцена и го постигнува својот 33-ти гол сезонава за да го удвои водството против својот поранешен клуб.
Надеж на Борусија во 52. минута даде Емре Чан кога погоди од пенал за 2:1, но гостите не можеа повеќе од тоа.
Баерн во 83. минута ја потврди победата преку младиот Мусијале, кој влезе на 20 минути пред голот наместо Гнабри.