Connect with us

Фудбал

Баерн конечно му даде причина на Левандовски да биде среќен и насмеан

Изгледа желбата на Роберт Левандовски да го напушти Баерн ќе се оствари.

По неколкумесечни неуспешни преговори, Баерн сега донесе важна одлука.

 

Како што пренесува „Мундо Депортиво“, Пини Захави, агентот на полскиот напаѓач, за Барселона изјавил дека Германците се предомислиле и се подготвени да се откажат од услугите на играчот за 40 милиони евра.

Иако некогаш бараа 60 милиони евра за Роберт Левандовски, сега челниците на Баерн се подготвени да го прифатат последниот предлог од Каталонците, со оглед на тоа дека следното лето, кога ќе му истече договорот, може бесплатно да го загубат играчот.

 

Најпрво челниците на Барселона испратија понуда од 30 милиони евра на Алијанц Арена, која Баерн категорично ја одби.

После тоа, понудата е подобрена на 32 милиони плус бонуси од пет милиони евра, а последната понуда ќе биде сума од 40 милиони евра плус бонуси.

Да потсетиме, претседателот на Блауграна, Жоан Лапорта, пред неколку дена зборуваше за можноста тој да се пресели во Барселона.

„Сите знаат дека Роберт Левандовски е одличен играч, но тој е играч на Баерн и затоа претпочитам да молчам на оваа тема. Знаеме дека тој даде јавна изјава дека сака да дојде во Барселона и ние сме многу благодарни на него за тоа“, изјави Лапорта.

Можам само да му се заблагодарам за ова, но сакаме да го почитуваме и Баерн, кој е еден од најголемите клубови во светот“, додаде претседателот на Барселона.