Connect with us

Фудбал

Баерн Минхен го сака „Златното момче“ на Барселона, ако треба ќе руши и рекорди?!

18-годишниот фудбалер на Барселона, но и шпански репрезентативец Педри е прогласен за „Златно момче“, односно најдобар млад фудбалер во светот. Секако дека Каталонскиот тим очекува токму тој да биде иднината на клубот, заедно со уште неколку млади играчи.

Но, се поставува прашањето ќе успее ли да го задржи, ако се знае дека се во тешка финансиска ситуација и во огромни долгови кои надминуваат милијарда евра и дали ќе одолее ако пристигне „непристојна“ понуда.

Една таква понуда, наводно подготвува германскиот тим Баерн Минхен кој е еден од ретките европски гиганти кој нема финансиски проблеми.

Педри пред извесно време го продолжи договорот со Барселона до 2026-та година, а исто како и Ансу Фати и тој има откупна клаузула од неверојатни една милијарда евра. Се разбира нема шанси Баерн Минхен да ја плати оваа сума, но според дел од медиумите германскиот тим е подготвен да плати 100 милиони, плус далеку поголема плата која ја има во Барселона.

За потсетување, досега најскапиот трансфер на Баерн Минхен е оној во 2019-та година кога на Атлетико Мадрид му плати 80 милиони евра за Лукас Ернандез.

 

Реклама

Facebook

Реклама