Connect with us

Фудбал

Баерн Минхен со 12 гола го декласираше Бремер

Баерн синоќа на гостински терен го совлада Бремер во 1/32 финалето на Купот на Германија со 12:0. Клубот од Минхен ја оствари втората најголема победа во официјалните натпревари од 1965 година, кога тимот се приклучи на Бундеслигата.

Најголемата победа на Баерн останува натпреварот против Валдберг во Купот на Германија – 16:1. За потсетување, во 2019 година Баерн Минхен го победи Ротах-Егерн во пријателски натпревар со резултат 23:0.