Фудбал
Баерн Минхен загуби од Менхенгладбах, а Левандовски со урнебесна изјава: Искрено, дел од играчите ги видов за прв пат во мојот живот
Роберт Левандовски проговори за младите играчи на Баерн на кои им се укажа шанса во вчерашниот пораз од Борусија Менхенгладбах.
Баерн имаше големи проблеми со играчкиот кадар поради коронавирусот, па некои од момците добија шанса ненадејно да дебитираат за првиот тим.
Алфонсо Дејвис, Лукас Хернандез, Мануел Нојер, Нианзу, Омар Ричардс, Лерој Сане и Дајот Упамекано не му беа достапни на тренерот Џулијан Нагелсман поради Ковид-19, додека Кингсли Коман, Леон Горецка, Јосип Станишиќ и Корентин Толисо ги немаше поради повреди. Буона Сар и Ерик Максим Чупо-Мотинг отидоа на Африканскиот куп на нации.
Малик Тилман, Пол Ванер или Лукас Копадо се голобради момци кои играа синоќа, а некои од нив навивачите на Баерн, па ниту оние „постарите“ во составот на Баерн не ги знаат.
-Дефинитивно ни беше тешко да се подготвиме за овој натпревар. Особено што половина од тимот веројатно пристигна од одмор вчера. Всушност, бевме осуммина, па ова беше чудна недела. Се обидовме да се фокусираме на мечот и да се подготвиме колку што можеме и покрај тоа што вчера ни се приклучија само осум или девет играчи“, рече Левандовски, додавајќи:
„Искрено, вчера ги видов овие момци за прв пат во животот. Не знам, можеби еден или двајца веќе тренираа со нас, но јас првпат ги запознав вчера. Се гледа дека имаат талент. Тие имаат 16-17 години и ова ќе биде одлично искуство, вели Левандовски.
Баерн беше поразен со 2-1, а Левандовски го постигна единствениот гол за Баварците. По 18 првенствени натпревари, Баерн и понатаму води со 43 бода, а има девет бода повеќе од Борусија Дортмунд, која во сабота е домаќин на Ајнтрахт Франкфурт.