Фудбал
Баерн објави видео, а навивачите се разочараа кога видоа во кој дрес е Гнабри
Серж Гнабри некогаш беше голема надеж на Арсенал, но тој никогаш не доби шанса во лондонскиот клуб.
Гнабри пристигна во Арсенал во 2011 година во јуниорска екипа и му се придружи на првиот тим две години подоцна. Но, тој никогаш не доби шанса во Арсенал и играше претежно на позајмица и подоцна беше продаден на Вердер пред три години од „Топџиите“.
Сепак, Гнабри во моментов игра за Баерн Минхен каде воодушевува со своите игри. Германецот успеа да им докаже на челниците на Арсенал каква грешка направиле со тоа што го продадоа.
Но, Гнабри направи интересна работа за време на видео повикот што го објави Баерн. Фудбалерите на клубот од Минхен ги покажаа своите вештини со топката, а сите веднаш видоа дека Гнабри е во дресот на Арсенал.
Сепак, не е јасно дали тој се уште жали што не го покажал свој квалитет во Арсенал или на овој начин сакал да им покаже на „Топџиите“ каква грешка направиле. Но, на сите навивачи на Арсенал им се допадна овој потег на напаѓачот на Баерн, што не може да се каже за навивачите на германскиот клуб.
