Фудбал
Баерн потпиша со голем талент и не штедеше на парите
Талентираниот напаѓач Џамал Мусиала (18) го потпиша својот прв професионален договор со Баерн Минхен.
Овој 18-годишник одлично ја искористи шансата што му ја даде Ханси Флик оваа сезона и обезбедува навистина одлични игри за првиот тим на баварскиот гигант.
Затоа, не е ни чудо што продолжувањето на соработката со Мусиала беше лесно договорена. Младиот фудбалер не се двоумеше премногу и се согласи да соработува со Баерн до јули 2026 година.
Баерн му даде многу добар договор. Мусиала ќе заработува пет милиони евра годишно и тоа дефинитивно е одличен договор за овој тинејџер.
Мусиала неодамна одлучи дека во иднина ќе игра за репрезентацијата на Германија, па така тие добија уште еден голем талент.