Фудбал
Баерн потврди: Ново засилување пристигнува на „Алијанц Арена“!
Баерн Минхен денес официјално потврди дека младиот голман Александар Нубел има потпишано договор со клубот.
Нубел во моментов е член на Шалке, но не сакаше да го продолжи договорот со овој клуб кој истекува на крајот на сезоната. Овој 23-годишен голман доби понуда од Баерн која не можеше да ја одбие.
Баерн утрово официјално потврди дека Нубел е нов член на минхенскиот клуб и ќе му се приклучи на тимот на крајот на сезоната како слободен агент. Нубел потпиша петгодишно партнерство со Баварците и се очекува да биде голема конкуренција на Мануел Нојер.
Нојер не беше воодушевен кога слушна дека Баерн го носи Нубел, бидејќи знае дека може да го загуби своето место во првиот состав. Овој 34-годишен голман преговара и со Баварците за нов договор, но преговорите во моментов не одат добро.
Нубел се појави во дресот на Падеборн, а пристигна во Шалке летото 2015 година за само 600.000 евра. Шалке е многу лут на него затоа што што реши да го напушти клубот без надомест.