Connect with us

Фудбал

Баерн против Плзен одработи полесен тренинг и го трасираше патот кон нокаут фазата

Фудбалерите на Баерн ја декласираа Викторија Плзен со 5:0 во натпреварот од 3. коло од групата Ц во Лигата на шампионите.

Баерн беше фаворит во дуелот со гостите од Чешка и на крајот буквално си поигра со нив, испраќајќи ги дома со пет парчиња.

Победата на баварската машина во ниту еден момент не беше доведена во прашање, само прашање беше со колкава разлика ќе заврши дуелот на Алијанц-Арена.

Веќе во седмата минута одбраната на гостите капитулираше, а стрелец беше Лерој Сане, а во 13. минута Серж Гнабри зголеми на 2:0, а веќе во 21. минута Садио Мане ги реши сите дилеми околу победникот, иако навистина ги немаше.

И Мусиала ја тресеше мрежата на гостите до крајот на првото полувреме, но ВАР го поништи неговиот гол. Во продолжение Баерн одигра само онолку колку што треба за да заврши се мирно. Тие постигнаа уште два гола, а стрелци беа Сане и резервистот Чупо-Мотинг.

Тренерот Јулијан Нагелсман одмори некои играчи, а неговиот тим по три кола има максимални девет бода. Во Чешка следната недела, според сите проценки, само ќе го потврдат патот до нокаут фазата.

Во вториот натпревар од оваа група од 21 се среќаваат Интер и Барселона. Иако Каталонците се фаворити на хартија, тука се очекува малку понеизвесен дуел.

Интер доколку загуби би бил далеку од нокаут фазата. Во моментов Барса и Интер имаат по три бода, на дното од групата е Пилсен без бодови кој едноставно „изгуби“ во оваа група која веднаш го доби прекарот „група на смртта“.

Дуелот меѓу Марсеј и Спортинг требаше да започне во ова порано време од 18 часот и 45 минути, но почетокот беше одложен поради метеж. Францускиот тим моментално води со 3:1, има играч повеќе и е на прагот на важна победа.